Американската тенисерка Серена Вилијамс може да биде добра не само во својот спорт, туку и во боксот.
Американката тренираше со поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон, кој ја подучуваше.
„Удри по „крушата“ како што сакаш да ја удираш топката“, напиша Патрик Муратоглу, тренер на Серена, кој на Твитер објави видео од сесијата со „Железниот Мајк“.
Mike Tyson and Serena Williams
Another awesome video of two of the very best in their respected fields pic.twitter.com/XtIzESCMb1
— Connoisseur of Combat (@ConOfCombat) December 19, 2019
За време на нејзината кариера, Американката има освоено 23 Гренд слем турнири. Неодамна, таа играше на УС Опен, каде стигна до финалето и загуби од 19-годишната Канаѓанка Бјанка Андреску 3-6, 5-7.
На нејзината сметка, Серена има 72 ВТА титули.