Американската тенисерка, Серена Вилијамс се пласираше во полуфиналето на УС опен, по победата над чешката тенисерка Каролина Плишкова со 2:0 ( 6:4 и 6:3). За Серена годинава ова беше десетто по ред четвртфинале на УС Опен, а по победата го продолжи пробојот кон седмата титула на турнирот во Њујорк.
За 37 годишната тенисерка ова е вкупно 36 полуфинале на Грен Слем турнирите.
Американката стартуваше полошо од Пискова, која направи бејк во третиот гем и имаше предност од 3:1, но Серена потоа спаси три брејк топки, по што се врати во натпреварот. Таа возврати со два брејка и со сигурен сервис го освои првиот сет. Американката продолжи со доминација и поведе со 4:0, па рутински го приведе мечот до крај. Серена во полуфиналето ќе игра против Летонката Анастасија Севастова која со 2:0 ја победи Американката Стивенс.