
Шест дена пред тоа, односно на 20 јуни апаратите на Сеизмолошката опсерваторија регистрираа земјотрес чиj епицентaр се наоѓа во охридското епицентрално подрачје. Земјотресот се случи во 15 часот и 10 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.6 и беше почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала, во Битола, Кичево и Дебар со интензитет од IV степени а во Скопје и Велес со интензитет од III степени според истата скала.
Два земјотреси исто така во охридското епицентрално подрачје беа почуствувани и на 18 овој месец. Првиот земјотрес се случи во 2 часот со Рихтерова локална магнитуда 3.1 а вториот беше во 8 часот со Рихтерова локална магнитуда 2.5. Првиот земјотрес беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала а вториот интензитет од III степени според истата скала.
Претходно само во април беше регистриран земјотрес со епицентар во охридското епицентрално подрачје. Овoj земјотрес се случи на 19 април во 11 часот и 42 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.9. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, објавува ТВ Сител, пренесува Нетпрес.
Сите овие земјотреси важат за посилни во однос на околу 500, кои според сеизмололозите се случиле во последниве 10 дена во охридско – струшкиот регион.
– Ова е исклучително активна недела и имаше околу 500 земјотреси којшто се должат на активноста на трите петринско – пештански раседи коишто се наоѓаат на источниот дел на охридската депресија. Тие се длабоки раседи со длабочина од 1.500 метри и ги даваат сеизмичките активности во тоа подрачје, изјави вчера за Алсат Драгана Черних од Сеизмолошка опсерваторија, Скопје.