Шест лица повредени во пет сообраќајки во Скопје

Од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 13 возачи возеле побрзо од дозволената брзина, пет возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница,  12 возачи поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи возеле со неважечка сообраќајна дозвола или без возачка дозвола. Затекнати се и 40 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 43 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе одржи едукативна работилница со учениците од четврто одделение во ООУ „Димо Хаџи Димов“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Во сабота,  со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународниот ракометен натпревар меѓу  ЖРК Вардар  и Турингер, Германија.

Во недела,  со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Кристијанштад,  Шведска.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овие вонредни настани, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.