Шестмина пацинети се уште се во тешка состојба, четворица од се на КАРИЛ со тешки повреди во абодменот, повреди на глава, а на 20-годишната девојка имаше ампутација на нога, била во животозагрижувачка состојба, додека во боницата „8-ми Септември“ двајца се во критична состојба со повреди на главата.
Во Градската болница „8-ми септември“ има 28 пациенти, шест се пуштени на домашно лекување.
Ноќеска 14-годишно момче во болницата „8-ми Септември“ и 40-годишен повреден биле оперирани. На оваа клиника 40 и 50-годишен пациент се на респираторни машини со повреди на главата, додека момчето е во добра состојба.
Во сообраќајната незгода што се случи во средата кај селото Ласкарци загинаа 14 патници. Во четвртокот заврши идентификацијата на загинатите.
Раметула Абдураими, единец во семејството Абдураими
Валдете Хамити (1989), од Дебреште, мајка на две деца
Јовица Трпевски, од Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски
Арсен Арсовски
Онур Садику (19), од Гостивар
Есат Емрули, од Гостивар
Ајдин Исмаили (19) од Гостивар
Бесим Фетаи, од Врапчиште
Бејза Узеири, од Долна Бањица
Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје
Бобан Аврамовски, студент на ФОН
Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар
Дејан Ристевски, вработен во Народна банка на Македонија
Павле Костоски, од Гостивар, дипломец на правниот факултет во Скопје