Шест странски танчерки приведени во објект во Жеровјане

Шест странски танчерки се приведени во полициската станица во Тетово по извршена контрола од страна на МВР.

Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчеравечер  од 22 до 1 часот, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект „Ориентал АС“, лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, во Жеровјане, сопственост на 28-годишен жител од тетовското село Боговиње.

При контролата, во објектот затекнати се шест женски лица ( танчерки ), од кои 3 од Република Србија и 3 македонски државјанки.

Трите српски државјанки на возраст од 21 ( две ) и 26 години ( една ), приведени се во Полициската станица Тетово, по што предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.