Шест жртви во невремето во Италија

Пет лица ги загубија животите а уште едно се води како исчезнато во невремето коешто ја погоди Италија, пренесува агенцијата ANSA во вторникот.

Две лица загинале кога дрво панало врз нивниот автомобил на патот јужно од Рим, според италијанскиот Црвен крст. Во местото Терачино, близу Рим, едно лице загинало а уште едно е тешко повредено кога дрво паднало врз автомобил во движење, додека момче го загубило животот во градот Сан Никола ла Страда, близу Неапол, кога врз него паднал бор додека минувал. Во Савона на пат за болница починала жена којашто била тешко повреден од предмет кој го носел силниот ветер. Менаџер на турски интернет сајт исчезнал откако невремето ја уништило едрилицата во којашто се наоѓал.

Како што се наведува, во шест региони на Италија е прогласен црвен метеоаларм поради ветрови и обилни дождови, а најзагрозени се Лобардија, Венето, Лигурија и Абруцо, каде што ветерот достигнува 100 километри на час. Во многу градови, вклучително и Рим и Неапл, затворени се училиштата. Секторот за цивилна заштита на Рим ги предупреди граѓаните да го ограничат своето движење поради лошите временски услови, наведувајќи дека во следните часови времето ќе се влошува.

Во Милано се повредени две лица кога врз нив паднале гранки, додека во Рим стебло паднало и оштетило автомобил. Во италијанската престолнина со застои работи подземната железница и железничките линии кон морскиот брег во Ости. Поради одрон извесно време во прекин бил сообраќајот на автопатот кон границата меѓу Италија и Австрија. Во Левант во Лигурија поплавени се многу продавници и приземјата од куќите. Поради невремето затворени се за посетителите археолошките наоѓалишта во Помпеа, Рим и Херкуланем.

Иако новото на морето во Венеција е значително зголемено, железничкиот сообраќај во Венеција и остатокот од земјата засега функционира нормално.

Противпожарната служба објави дека пожарникарите интервенирале ширум земјата 1.600 пати, од што имале 700 интервенции во Тоскана, 400 во Лацио, и по 200 во Рим, Венето и Лигурија