
Од претходно беше познато дека според пријавеното како сопственост вицепремиерот за кономски прашања Кочо Анѓушев е најбогат од сите министри, но интересен податок и дека шесте најбогати функционери во владата покрај него се и Бектеши, Лика, Димитров, Заев и Асаф Адеми, според проектот ПЕП и нивните официјални документи.
Многу од функционерите до сега лутеле бидејќи биле ставени во тој контекст, но според активистот на ПЕП функционерите не треба да се лутат бидејќи тоа се фактите со кои се доаѓа преку документите со кои тие располагаат и ги обезбедуваат од државните институции.
Овие шест најбогати функционери, министри на чело со првиот во владата, Зоран Заев заедно тежат 35 милиони евра, пренесува Курир.мк.
И ова се податоци само за шесте најбогати врвни функционери. Активистката на ПЕП посочи и дека еден министер од владата на Заев нема поднесено пријава за имот, што исто така треба да биде елемент за истрага на соодветните служби кои треба да водат грижа за навремено објавување на анкетните листови за имотната состојба за именуваните и избрани функционери, бидејќи сепак тоа е работа од јавен интерес утврдена со закон.