„Шестка“ на Монако, „петка“ на ПСЖ

Водечките два клуба во француското фудбалско првенство Пари Сен Жермен и Монако остварија убедливи победи во средните од 12-то коло на Ле Шампионат, откако актуелниот шампион Монако на својот терен го декласираше Гингамп со 6:0, а моментално водечкиот ПСЖ на гостувањето го совлада Анжер со 5:0.

Екипата од Кнежевството до победата стаса со головите на Гвидо Кариљо во 10 и 78 минута, Адам Траоре во 27 и 7 минута, на Кеита Балде Диаи во 36 и на Фабињо во првата минута од судското продолжение од пенал.

Убедлива победа оствари и ПСЖ кој целата работа ја заврши во првите половина час од мечот постигнувајќи три гола. Во продолжувањето парижаните постигнаа уште два гола. По два гола постигнаа Килијан М’Бапе во 5 и 84 минута и Единсон Кавани во 30 и 60 минута, а меѓи стрелците се впиша и Јулијан Дрекслер во 14 минута. Бразилецот Нејмар го пропушти овој натревар поради црвениот картон кој го заработи во минатото коло.

Со новите два гола Кавани го стаса напаѓачот на Монако Радамел Фалкао, и сега двајцата на врвот на листата на најдобрите стрелци имаат по 13 голови.

ПСЖ води на табелата со 32 бода, Монако е втор со 28 бодови, а Нант со победата од 2:1 против Тулуз е на третото место со 23 бода. Следат Лион со 22 и Марсел со 21 бод и натпревар помалку.