Фолк пејачот Драган Којиќ- Кеба открива дека Северина станала вистинска српска снаа, па била и главен кувар додека во домот се подготвувала зимница.
Пејачот во изјава за српските медиуми горделиво зборува како Севе со него и сопругата Оља лупела пиперки и правела ајвар.
За уште повеќе за ја пофали снаата, Драган додава:
„Зошто да не лупи пиперки? Што има лошо и срамно во тоа? Сите сакаат зимница, и вие и јас и таа, објаснува Кеба дека нема привилегија кога е готвењето во прашање.
Очигледно дека Северина навреме ги сфати правилата на свекорот и се фатила за работа.