Северина на почетокот на следната година ќе се всели во својот дуплекс во елитната населба Дедиње. Како што дознава Ало, најголемата регионална ѕвезда капарисала стан од 150 квадрати, во кој ќе може да се всели на пролет.
Северина отсекогаш сакала да има свој стан во Србија, бидејќи таму често претсојува, па отседнува во хотели.
Преку близок пријател го видела нацртот на зградата која моментно се гради и се наоѓа во елитната населба Дедиње. Била воодушевена бидејќи во рамките на зградата ќе имало и детско игралиште, каде што нејзиниот син Александар ќе може да си игра.
На врвот на зградата имало и базен кој ќе им биде на располагање на станарите.Пејачката во моментот работи на осмислување на ентериерот.
Единствена желба имала синот да има што поголема детска соба. Во зградата имало пет станови од по сто квадрати, теретана и приватен лифт.