Северна Ирска, првпат има повеќе католици отколку протестанти, покажуваат резултатите од пописот на населението објавени во четвртокот, што претставува историско придвижување за кои некои сметаат дека ќе помогне да се зголеми поддршката во оваа покраина да се одвои од Обединетото Кралство и да се придружи на обединетата Ирска.
Според податоците од пописот на населението спроведено минатата 2021 година, 45,7 отсто од жителите се изјасниле дека се католици или дека се воспитувани како католици, наспроти 43,5 отсто кои се изјасниле како протестанти.
Пред десет години, претходниот попис на населението покажа дека протестантите, откако првпат паднаа под границата под 50 отсто, сепак биле мнозинство во однос на католиците со соодносот 48 наспроти 45 отсто.
Оваа промена во изјаснувањето на населението поделено по верска основа, доаѓа по еден век откако е воспоставена покраината Северна Ирска со цел одржување на пробританската протестанско мнозинство како противтежа на независната, претежно католичка Република Ирска на поголемиот дел од островот.