Северна Кореја лансирала балистички ракети со кус дострел

Северна Кореја во саботата рано утрото по локално време истрелата од својот источен брег две балистички ракети со кус дострел, соопшти кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Станува збор за петтото лансирање во последните неполни три седмици, Ракетите летале околу 400 километире, постигнувајќи максимална височина од 48 километри, пренесува јужнокорејскиот новинска агенција Yonhap, повикувајќи се на прецизираните податоци од здружениот генералштаб во Сеул.

Резолуциите на Обединетите нации ѝ забрануваат на Северна Кореја лансирање ракети, без разлика дали станува збор за прокетили со кус, среден или долг дострел.

Најновото лансирање доаѓа неколку дена откако Северна Кореја почна да изведува тестирања на ракети објаснувајќи го тоа како „соодветно предупредување“ за САД и Јужна Кореја и одговор на новното одржување на заедничките воени вежби, кои Пјонгјанг ги смета за подготовка за инвазија на севернокорејската територија.

Обраќајќи им се на новинарите пред Белата куќа во петокот, неколку часа пред последното ласнирње, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун не бил среќен поради одржувањето на американско-јужнокорејските воени маневри. „Беше незадоволен поради воените вежби“, реле Трамп додавајќи дека и самиот тој „ниокогш не ги сакал“.

Трамп повторно го минимизираше значењето на севернокорејските ракетни тестови, истакнувајќи дека станува збора за проектии со краток достреч. Рече, исто така, дека примил „многу убаво писмо“ од Ким.