Северна Кореја во петокот извршила тестирање на боева глава со крстосувачка ракета и пробно лансирање на својот нов противвоздушен прокетил, објави во саботата севернокорејската новинска агенција KCNA.
Во петокот попладнето полокално време, Северна Кореја изврши тестирање на моќта на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета „Hwasal-1 Ra-3″ и пробно лансирање на противвоздушната ракета „Pyoljji-1-2“ од нов тип, објави KCNA, повикувајќи се на Ракетната управа на Северна Кореја, пренесува Reuters.
Се верува дека стратешката крстосувачка ракета на Северна Кореја е дизајнирана да носи нуклеарна боева глава.
„И двата теста беа дел од редовните активности на администрацијата и поврзаните одбранбени научни институти за брз развој на технологии во различни аспекти, како што се тактичко-техничко изведба и операција на системи за оружје од нов тип“, објави KCNA додавајќи дека тестирањето не е поврзано со ситуацијаа во регионот.
Јужна Кореја, Јапонија и САД, земји кои често известуваат за тестирање на големи ракети што ги детектираат од Северна Кореја, не го спомнаа овој тест.