Северна Кореја во понеделникот го извела последното тестирање на „супер големиот“ повеќецевен ракетен фрлач, систем кој наскоро ќе им биде доставен на воените единици, објави државната новинска агенција KCNA.
Целта на ова тестирање била проверката на технолошките и тактичките спецификации на системот, пишува KCNA.
„На 29-ти март Корејската Народна Демократска Република изведе стрелање со цел да ги потврди тактичките и техничките карактеристики на супер-големиот повеќецевен лансирен систем“, пренесува агенцијата.
Истовремено не се даваат поединости за видот на тестираниот фрлач и не се прецизира дали севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, кој вообичаено присуствува на значајните воени настани, присуствал на ова тестирање.
Северна Кореја претходно во неделата утрото истрелала два балистички проектила со кус дострел во Јапонското Море, објави Генералштабот на армијата на Јужна Кореја. Балистичките проектили биле истрелани од Вонсан од источниот брег на Северна Кореја и прелетале 230 километри пред да паднат во морето.
Ова беше четвртото ракетно истрелување во Северна Кореја од почетокот на годинава. Како што објави KCNA, Ким Џонг-ун лично ги водел тестирањата на 2-ри, 9-ти и 21-ви март на артилеријата со долг дострел, кога се лансирани балистички ракети со кус дострел.
На Северна Кореја со резолуција на Обединетите нации ѝ е забрането тестирање на балистички проектили со среден и долг дострел, како и нуклеарни тестирања, и во врска со тоа ѝ се наметнати строги меѓународни санкции, со цел Пјонгјанг да биде одвратен од развојот на интерконтинентални ракети со нуклеарни боеви глави.
Глобалната загриженоста поради Северна Кореја се зголеми кон крајот 2019 година, кога Пјонгјанг наметна рок до крајот на годината САД да ги симне своите санцкии и се закани со „божикен подарок“, што главно е протолкувано со продолжување на тестирањета на оружје доколку не биде исполнето неговото барање.
Ким Џонг-ун на први јануари порача дека „светот ќе го води новото стратешко оружје“ многу наскоро.