Северна Македонија официјално и во Службен весник

Во саботата, 12 јануари, ден по изгласувањето на одлуката за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, шестиот број на „Службен весник“ ја објави промената на Уставот.

Одлуката ја потпишал претседателот на Собранието, Талат Џафери.