Северна Кореја го тестираше во вторникот новиот балистички проектил кој летал најдолго од сите досега, прелетувајќи ја Јапонија првпат по пет години, поради што јапонските власти издадоа предупредување за засолнување на населението.
Овој севернокорејски проектил е првиот кој имал таква траекторија од 2017 година, и летал според процените 4.600 километри, што е најголемата оддалеченост кој ја прелетал некој проектил лансиран од Северна Кореја, а кои вообичаено се лансираат високо во Вселената за да не би прелетал над соседните земји.
Американските и јужнокорејските воени авиони севернокорејското лансирање го искористија како изговор за вежбање бомбардирање цели во Жолтото Море, а Јапонија ги предупреди своите граѓани да се засолнат и беа запрени возовите додека проектилот го прелетувал северот на земјата, пред да падне во Тихиот Океан.
Јапонија соопшти дека не преземала ништо за да го собори проектилот, но јапонското министерство за одбрана соопшти дека не исклучува ниедна опција во иднина.
Функционерите во Токио и во Сеул изјавија дека проектилот прелетал 4.500 до 4.600 километри со највисока височина од околу 100 километри.
Јужнокорејскиот здружен штаб објави дека се чини дека станува збор за балистички проектил со среден дострел и дека е лансиран од севернокорејската провинција Јаганг. Од таму Северна Кореја ги изведен неколкуте последни тестирања, вклучително и повеќето проектили за кои тврди дека биле „хиперсонични“.
Според првичните процени, би можело да станува збор за проектилот „Хвасонг-12“, балистичка ракета со среден дострел (IRBM), кој Северна Кореја првпат го претстави во 2017 година како дел од планот за ракетирање на американската воена база на окупираниот во Втората светска војна од Јапонија пацифички остров Гуам.
Ким Донг-јуп, поранешен јужнокорејски морнарички офицер кој предава на Универзитетот Кјунгам потсетува дека „Хвасонг-12“ првпат е тестиран во 2017 година, кога исто така ја прелета Јапонија. Според него, ваков проектил бил лансиран од Јаганг во јануари годинава.
САД остро го осудија новото севернокорејско тестирање како „опасно и несовесно“.
„Потегот е дестабилизирачки и покажува дека Северна Кореја бесрамно не се грижи за резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации и меѓународните безбедносни норми“, коментираше во писмена изјава портпаролката на Советот за национална безбедност, Ејдриен Ватсон.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарал телефонски со јужнокорескиот и јапонскиот колеги и „силно го осудил“ тестирањето, според објавата на Стејт департментот.
Јужнокорејскиот претставник Јун Сук-јеол оцени дека тестирањето „несовесен“ и истакна дека ќе предизвика решителен одговор од неговата земја, нејзините сојузници и меѓународна заедница. Јапонскиот премиер Фумио Кушида рече дека потегот на Северна Кореја е „варварски“.
Лансирањето преку Јапонија „не е продуктивен за напредување“, но Вашингтон и натаму е отворен за разговори, изјави Даниел Критенбринк, највисок американски дипломат за источна Азија, во текот на онлајн настан во организација на Институтот за Корејско-американски студии.
Јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Џонг-суп изјави во парламентот дека Северна Кореја ги довршила подготовките за нуклеарен тест. Рече дека е тешко да се предвиди кога ќе извести за својот седми нуклеарен тест, но пратениците се запознаени со разузнавачките извештаи рекле дека тоа би можело да се случи во периодот меѓу конгресот на Кинеската комунистичка партија овој месец и американските меѓуизбори во ноември.
Критенбринк вели дека за таков нуклеарен тест „веројатно чела политичка одлука“, предупредувајќи дека таков „опасен“ потег би бил „сериозна ескалација кои сериозно би ја загрозила регионалната и меѓународната стабилност и безбедност“.
Станува збор за нов циклус демонстрација во регионот на Корејскиот полуостров, откако група на американски носач на авиони вплови на 23-ти септември во Јужна Кореја, првпат од 2018 година, а Северна Кореја одговори со пет лансирања проектили во последните десет дена.
Истовремено беа одржани и заеднички масивни морнарички вежби на САД, Јужна Кореја и Јапонија. Регионот го посети и американската потпретседателката Камала Харис која ја посети Демилитаризираната зона која ги раздвојува двете Кореи и Северна Кореја ја обвини дека ја поткопува безбедноста во регионот.