Директорот на Електродистрибуцијата во Косовска Митровица, Слободан Вукадиновиќ, рекол дека Електродистрибуција на Србија (ЕПС) на северот на Косово од 2009-та година испорачала електрична енергија во износ од околу 12 милиони евра, истакнувајќи дека нивото на наплатени сметки не е висок поради што се принудени нередовните плаќачи да ги исклучат од мрежата.
Од вкупниот долг во висина од 12 милиони евра, 60 до 70 отсто е на економските субјекти.
Тој упатил апел до потрошувачите порационално да ја користи електричната енергија.