Фудбалерите на Севилја беа убедливи со 3:0 на свој терен против Хетафе со што привремено ја потиснаа Барселона од третата позиција, додека Реал Мадрид во мечот од 21-ти коло на шпанското првенство со пресврт се спаси од нов дебакл на гостувањето кај последниот тим на табелата.
Сите погодоци Севилја ги постигна во последнитоловина час од натпреварот, а клучна се покажа 59 инута кога Дјене Даконам со груб прекршок тешко го повреди Лукас Окампос кој на носилки беше изнесен од теренот и веројатно долго ќе отсуствува од натпреварите. Даконам доби директен црвен картон а поради жолчната расправија беа исклучени и двата тренееа, Хулен Лопетеги и Жозеф Бордалас Хименез.
Бројната предност Севилја ја искористи во 67 минута кога водечкиот погодок го постигна Мунир Ел Хадади кој во игра влезе само две минути претходно. Во 87 минута Аргентинецот Алехандро Дарио Папу Гомез го удвои водството а конечните 3:0 ги постави Јусуф Ен Несири во 89 минута.
Севилја сега е на третото место со 42 бодови од 21 натпревар, два бода повеќе го Барселона која има одиграни 20 натпревари. Хетае е 12-ти со 24 бодови.
Реал Мадрид со 2:1 победи на гостувањето кај „фенеријата“ Уеска, а спасител на „Кралскиот клуб“ беше францускиот бек Рафаел Варан кој првпат во својата кариера постигна два погодока на еден натпревар. Чави Галан ја доведе Уеска во водство во 49 минута, а Варан потоа израмни во 54 минута, а во 84 минута ги обезбеди трите бодови за Реал.
Реал сега е втор со 43 бодови, седум помалку од водечкиот градски ривал Атлетико Мадрид кој има сега три натпревара помалку. Уеска е последна 20-та со 16 бодови четири бодови помалки од зоната на опстанок.
Фудбалерите на Вилјареал имаа два гола предност по првото полувреме во дуелот во Елче, но домашната екупа со пресврт во второто полувреме со два гола успеа да дојде до бод.
Гостите поведоа со погодоците на Жерар Морено во 16 и 35 минута, а за доашните израмнија Гуидо Кариљо во 49 и Лукас Боје во 64 минута.
Вилјареал се одржа со 36 бодови на петтото место, кое директно води во Лига Европа, а Елче е претпоследен 19-ти со 18 бодови од 20 натпревари, два бода помалку од местата кои гарантираат опстанок во Примера.
Во Валенсија Леванте и Гранада, исто така, ремизираа со 2:2. Леванте поведе во 30 минута со голот на Хозе Луис Мроалес Ногалес а Гранада израман во 43 минута, домашните во водсто повторно ги доведе во 67 минута Ногалес, а Роберто Солдадо повтроно израмни во втората минута до судиското продолжение.
Гранада е осма со 30 бодови од 22 натпревари, а Леванте е деветти од меч помалку има 27 бодови.
Во недела на распоред се мечевите Реал Сосиседад – Кадиз (во 14 часот), Атлетик Билбао – Валенсија (16.15), Осасуна – Еибар (18.30), Бетис – Барселона (21.00 часот) а во понеделник во 21 часот играат Атлетико Мадрид – Селта Виго.