Фудбалерите на Севилја со 2:0 на домашен терен го победија Алавес во 30-то коло од шпанското првенство во директната пресметак за местата кои водат во европските натпреварувања.
Стрелци за Севилја беа во 42 минуа Роке Меса и во 81 минута Пабло Сарабиа. Севилја сега има 46 бодови на 6-то место и е ирамнеата со Валенсија на петото, а еден бод за Хетафе кој како четвртопласиран во моментов има пласман во Лигата на шампионите. Алавес, пак, остана на 7-то место со 44 бодови и натаму ќе атакува на четвртата позиција, но ќе мора да го сочува и местото кое води во Европската лига, а го следи Атлетик Билбао со бод помалку.
Леганес со голот на Гуидо Кариљо во првата минута од судиското продолжение дома го совлада Реал Вајадолид. Леганес има 39 бодови и е на безбедното 12-то место на табелата, додека Вајадолид е 16-ти со 30 бодови, шест повеќе од местата кои водат во Сегунда.
Реал Сосиедат со 2:1 беше пред своите навувчи подобар од Реал Бетис. Домашните поведоа преку Хуанми во 18 минута, во 57-та израмни Серхио Каналес, а победата ја донесе Микел Ојарзабал во 84 минута. Сосиедат со 40 бодовно се израмни со Бетис и му го презема 9-то место