Сезоната во Формула 1 може да започне на 24 мај и да заврши на 20 декември

Раководството на Формула 1 ја разгледува опцијата да ја започне сезоната 2020 на крајот на 24 мај и да заврши на 20 декември.

Според „FormulaPassion“, раководството на тркачката серија очекува дека Гран-при Монако сепак ќе се одржи навреме, и покрај рестриктивните мерки на локалните власти. Исто така, постои опција да се намали времетраењето на етапите од три на два дена.

Видео-конференција ќе се одржи на 20 март со учество на раководството на Формула 1, Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и претставници на екипите, кои ќе разговараат за можни промени во календарот на трките за 2020 година.

Оваа година четири Гран-при се веќе откажани или одложени: во Австралија, Бахреин, Виетнам и Кина. Загрозени се трките во Азербејџан, Шпанија, Монако и Холандија.