Шаќири: Во основните училишта има наставници кои во групи комуницираат со учениците на „вибер“ или „ватсап“

Министерот за образование Јетон Шаќири синоќа во „Клан дебата“ ја изрази својата загриженост дека има појави каде наставниците од основните училишта комуницираат со учениците преку групи на „viber“ или „whatsapp“, што повеќе води кон користење на паметни телефони од страна на децата.

Според него, идејата за забрана на телефоните во процесот на учење е позитивна. Нагласи дека самите наставници треба да придонесат во овој аспект бидејќи, според него, треба да ценат дека мобилниот телефон може негативно да влијае на процесот на учење.

Шаќири напомена дека МОН презема мерки, зголемувајќи ја меѓуинституционалната соработка со Министерството за внатрешни работи.