Шахпаска: Новиот Закон за работни односи нуди модерни решенија во интерес на работниците

Новиот Закон за работни односи ќе понуди модерни решенија што се во интерес на работниците, пишува министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Овој Закон прецизно ќе ги уредува договорите на определено време, чие времетраење ќе биде драстично променето, сезонската работа целосно ќе одговори и на потребите на работодавците, односно ќе им гарантира сигурна работна сила и за следната сезона и породилно отсуство чиј концепт го менуваме и воведуваме родителско отсуство и за татковците“, објави Шахпаска на својот фејсбук профил.

Додава дека Министерството за труд и социјална политика продолжува со посветена работа во насока на унапредување на работничките права и очекува експертската јавност да го даде своето мислење на јавната расправа за овој Закон.