Шалке подобар од Ајнтрахт, Волсфург ја запре Борусија М

Во последниот меч од 15-то коло на германското фудбалско првенство Шалке го победи Ајнтрахт, а Волсфбург ја спречи Борусија Менхенгладбах да се врати на врвот на Бундеслигата.

Единствениот погодок за Шалке го постигна Бенито Раман во 53 минута. Од 66 минута Ајнтрахт имаше бројна предност бидекчи беше исклучен домашниот голман Александар Нубел поради груб прекршок надвор од својот шеснаесетнил. Нубел со дивјаќки и неврнимателн стар го собори Мијат Гачиновиќ по поради повредата мораше да го напушти теренот.

Во првиот неделен меч Волфсбург со 2:1 славеше против Борусија Менхенгалдбах, која со овој пораз не успеа да се врати на првото место на табелата.

Домашните поведоа во 13 минута со голот на Ксавиер Шлагер, а израмни Брел Емболо само две минути подоцна. Кога веќе се мислеше дека мечот ќе заврши без победник, Алекс Арнолд во судиското продолжение ја донесе победата за домашните.

Борусија од Менхенгладбах остана втора со 31 бод, два помалнку од РБ Лајпциг. Трета е Борусија Дортмунд со 29 бодови, Шалке е чртврти со 28 бодови, додека минхенски Баерн е на петтото место со 27 бодови. Волсфбург е осми со 23 бодови, а Ајнтрахт е 12-ти со 18 бодови,