Шампионот Струга поразен во Тетово во ПМФЛ

Фудбалерите на Шкендија се искачија на лидерското место на табелата, откако попладнево во Тетово го совладаа актуелниот шампион Струга со 1-0 (0-0) во заостанатиот натпревар од второто коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Победоносниот гол за тетовскиот прволигаш го постигна босанскиот интернационалец Алмир Аганспахиќ во 47. минута.

Шкендија сега е нов лидер во ПМФЛ со 20. бодови, два повеќе од Шкупи на второто место, додека Струга остана четвртопласирана со 15. бодови.

Идниот викенд на програмата се натпреварите од 10. коло во ПМФЛ по што следува двонеделна пауза поради настапите на македонската репрезентација, против Украина на 14 октомври во Прага, во рамки на евроквалификациите и три денови подоцна против Ерменија во пријателски натпревар во Струмица.