Шампионот Вардар поразен на стартот од Борец

Прволигачот од Велес, Борец славеше како гостин против бранителот на титулата Вардар во првото коло од новата сезона со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Филип Илиќ  по само 80 секунди игра.

Борец максимално ги искористи проблемите во таборот на „црвено-црните“ и стартуваше во новата сезона со три бода на гостински терен.

Секако, овој пораз на Вардар и не е големо изненадување, ако се знае дека поради лошата финансиска состојба голем број играчи заминаа, а засилувања немаше. Секако Вардар го очекува тешка и неизвесна сезона.