Денешниот дерби дуел на “Енфилд”, пресметката помеѓу големите ривали, Ливерпул и Арсенал, ќе даде одговор на многу прашања, прво на прашањето дали домаќинот може да биде конкурентен во борбата за шампионската титула и дали “топчиите”, најпосле го имаат тоа што е потребно за стават крај на долгиот пост од осум години без да освојат еден трофеј.
Како и на претходните натпревари, фановите на Лливерпул најмногу очекуваат од напаѓачкиот двоец, Луис Суарез – Даниел Стариџ, додека очите на гостинските фанови се насочени кон германскиот интернационалец Месут Озил.
Тимот на Норвич најверојатно ќе биде најновата жртва на најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити, а предноста на домашниот терен би требало да се покаже како пресудна на дуелот помеѓу екипите на Челзи и Њукасл.
Денеска на програмата: Ливерпул – Арсенал, Астон Вила – Вест Хем, Челзи – Њукасл, Кристал Палас – ВБА, Норвич – Манчестер С., Саутемптон – Стоук, Сандерленд – Хул, Свонси – Кардиф.