Шариќ меѓу најбогатите мафијаши во светот, на листата и македонски државјанин

Балканскиот крал на кокаинот, Дарко Шариќ, е еден од најбогатите босови на подземјето во светот.

Ова го покажува класификацијата на реномираниот економски магазин „Форбс“, објавена во јуни, лани, во која Шариќ е позициониран на високото петто место со богатство од околу 27 милијарди американски долари.

Тој и неговиот наркоклан, од бизнисот со наркотици, печалеле околу 1 милијарда долари годишно, а испрале околу 4 милијарди долари во Србија. Постојат сомневања дека неговата заработка сепак била двојно поголема, но тоа допрва треба да биде докажано.

Според пишувањата на „Форбс“, на листата има и други балкански криминални босови. Така на 10-та позиција е рангиран албанскиот наркобос од Македонија, Даут Кадриовски, кој паднал за едно место, во однос на претходната година, односно до 9-та на 10-та позиција.

daut kadriovski

Неговиот сонародник од Косово – Насер Кељменди, е дисквалификуван откако бил уапсен, но пред приведувањето бил позициониран на 17-то место на листата.

Kelmendi

Инаку во рангирањето на „Форбс“, прв на листата на најбогати шефови на мафии е Русинот со украинско потекло, Семион Могилович, за кого се смета дека „тежи“ околу 54 милиијарди долари.

semion_m

Зад него, на втората позиција, е рангиран кумот на сицилијанската Коза Ностра – Матео Месина Денаро, со богатство од 48,5 милијарди долари.

denaro

На третото место се наоѓа босот на кинеско-тајландската тријада Чанг Ан-ло, попознат како „Белиот волк“, со 42 милијарди долари.

chen

На четвртатат позиција, односно едно место пред Шариќ, е водачот на мексиканскиот наркокартел „Синалоа“, Хоакин ел Чапо Гусман со 35,5 милијарди долари.

chapo