Шефот на градска полиција во Мисури убиен во текот на протестите

Началникот на полицијата градот Молин Ејкерс и пензиониран полициски капетан од Сент Луис, во американската сојузна држава Мисури, Девин Дорн, бил застрелан во текот на безредијата кои ги придружуваат протестите поради полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува телевизиската мрежа ABC News.

Како што изјави комесарот на локалната полиција Џон Хајден, 77-годишниот Дорн бил убиен во вторникот во Сент Луис, кога се обидувал да спрели ограбување на дуќан. Според вдовицата на убиениот, Дорн бил пријател со сопственикот на заложилница и често го проверувал дуќанот кога ќе се огласел сигналот за аларм.

Истовремено телевизијата известува дека полициски службеници отвориле оган во вторникот во њујоршкиот округ Бруклин, при што бил убиено едно лице.

Според изворите на ABC News, осомничени лица отвориле оган по 21 часто по локално време, околу 3 часот по македонско време, стрелајќи во две лица. Полицајците кои дошле на местото на настанот, раниле еден од напаѓачите кој подоцна починал. Во инцидентот биле повредени двајца полицајци.

Ситуацијата во Њујорк беше особено тензична во вторникот која се приведени околу 700 лица во текот на безредијата во центарот на Менхетен поради грабежи.

Браното антирасни протести поради убиството на 46годишниот адроамериканец Џорџ Флојд на 25-ти мај во Минеаполис брзо се проширија низ целите САД. Тие се придружени со вандализам, масовни грабежи и подметнувања пожари.