Генералниот секретар на либанското шиитско движење Хезболах, Хасан Насрала, во средата оцени дека израелското убиство на шефот на полтибирото на палестинскот сунитско движење Хамас во либанската престолнина Бејрут е „големо, опасно злосторство за кое тие не можат да го одмолчат“.
Израелско беспилотно летало удрило во вторникот вечерта во канцелариите на Хамас во Дахијех, според некои извори а според други истрелало три проектила, при што загинале вкупно шест лица, извести либанската државна новинска агенција NNA, кое прецизира дека нападот се случил во реонот Ал Мушрафија. Безбедносни извори и лекарите не можеле веднаш да ги идентификуваат преостанатите тројца убиени, но истакнале дека не настрадал шефот на политичкото претставништво на Хамас во Либан, Усама Хандан,
Предградието Дахијех инаку се смета за упориште на моќното и влијателно шиитско движење Хеболах кое во минатото имаше и неколку судири со сунитски Хамас и честопати стоеја на спротиставени страни во блискоисточните судири. По почетокот на најновата израелско-палестинска војна во Газа, Хезболах ми даде вербална поддршка на Хамас, и последните 80-ина денови речиси секојдневно разменува оган со Израел преку јужната либанска граница.
Нападот на јужен Бејрут во вторникот вечерта, во кој беше убиен Салех ал-Арури, заменик-шефот на политичкиот комитет на Хамас, Насрала го опиша како „очигледна израелска агресија“ врз Либан. Изрази сочувство на Хамас и порача дека ова убиство нема да остане неказнето.
Насрала предупреди и се закани дека нема да има „ограничувања“ или „правила“ во нивната борба доколку Израел започне војна против Либан.
„Ако непријателот (Израел) мисли да води војна против Либан, ние нема да следиме никакви правила“, рече Насрала во говорот одржан преку видео врска за време на митингот по повод четвртата годишнина од убиството на влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани од страна на американски дрон во Багдад на 3-ти јануари 2020 година.
„Засега се бориме на бојното поле со прецизни пресметки, ако непријателот започне војна против Либан, нашата борба ќе биде без граници, ограничувања, правила и контроли… Кој ќе помисли на војна со нас ќе зажали затоа што војната кај нас е силно, многу скапо“, рече Насрала.
Претходно во вторникот поранешниот израелски министер за надворешни работи и за одбрана а сега опозиционер Авигдор Либерман изнесе предлог Израел да заземе територија од соседен Либан којашто воено ќе ја контролира со години за да направи своевидна тампон зона и да ги отфрли борбените позиции на либанското шиитско движење Хезболах подалеку од израелската граница.
Нападот на јужното предградие Дахиех во Бејрут е прв израелски напад врз Бејрут по речиси тримесечни речиси секојдневни престрелки меѓу израелските сили и Хезболах во пограничната област. Израел го смета ал-Арури за главен организатор на палестинскиот отпор на Западниот брег, окупираната од Израел од 1967 година палестинска енкава.
Израелската армија не ги коментираше објавите за убиството на ал-Арури.
Хезболах лансираше ракети преку границата со Израел на 8-ми октомври како поддршка на Хамас, кој изврши смртоносен напад врз јужен Израел еден ден пред да предизвика силно израелско бомбардирање на Појасот Газа.
Во долгиот говор во кој беа содржани повеќе моменти во однос на најновата израелско-палестинска војна во Газа, Насрала рече дека „брзата“ реакција на Хезболах на 8-ми октомври и прекуграничното гранатирање оттогаш спречиле пошироко израелско бомбардирање на Либан и покажале дека способноста на Израел да спречи такви напади „пропаднала“.
Во израелските напади загинаа повеќе од 120 борци на Хезболах и повеќе од 20 цивили. Во судирите загинаа најмалку девет израелски војници. Меѓутоа, според Насрала а и според некои израелски медиуми, израелските сили досега не ги соопштиваат вистинските загуби.
Тоа беше трет говор на Насрала од 7-ти октомври. Насралах најави дека на 5-ти јануари повторно ќе ѝ се обрати на јавноста со повеќе детали за акциите на Хезболах на југот.