Шефот на Ла Лига кон клубовите: Заборавете на трансферите!

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги повика шпанските клубови да бидат „потивки“ на претстојниот трансфер пазар.

– Заборавете на трансферите како тие од порано! Мислете на тинејџерите и на момците, кои биле отстапени, рекол Тебас во еден од разговорите со клупските претставници, цитиран од „АС“.

Пандемијата се очекува да доведе до намалени буџети за трансфери низ целиот свет.

Сè уште не е јасно сепак, кога ќе се отвори прозорецот за трансфер.