Шејмус Колман како десен бек на Милан

Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на репрезентативецот на Ирска и стандарден првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Евертон, Шејмус Колман.

Галијани е убеден дека офанзивниот десен бек на Евертон ќе биде идеална замена за репрезентативецот на Италија, Игнасио Абате кој ќе биде продаден за време на летниот преоден рок и тоа на првиот клуб кој ќе го прифати побараното обештетување од 15 милиони евра.

Италијанските медиуми се убедени дека челниците на Милан ќе испратат официјална понуда за Колман и истата нема да биде помала од 15 милиони вра, а доколку ја прифати понудата на „росонерите”, десниот бек ќе си осигура годишна плата од 3,5 милиони евра.