Агенцијата за информации и комуникации при НАТО денеска пред неколку наши компании и експерти по информатички технологии ги презентираше можностите за учество на тендери за стручна поддршка на деловните процеси на Алијансата, во делот на комуникациски и информатички системи, сајбер одбрана, платформи, или вкупно околу 150 сервиси, информира министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил.
Онлајн настанот го отворила министерката, охрабрувајќи ги нашите компании да се пријават.
– Ја отворивме вратата кон НАТО, а сега ја отвораме и вратата на пазарот во НАТО – напиша Шекеринска на Фејсбук.