Излегувањето на Грција од еврозоната изгледа неизбежно, но тоа ќе биде можно ако прво Атина побара да ја напушти Европската унија, а останатите земји да го одбрат нејзиното барање, изјави австрискиот министер за финансии Ханс Јорг Шелинг, пренесе МИА.
– Последиците за земјите од еврозоната не се толку страшни, колку за Грција. јасно е, дека една земја не може под никакви околности да ја уценува Европската комисија и земјите од еврозоната, посочува Шилинг.
Неговиот француски колега Мишел сапен смета дека судбината на Грција е да остане во еврозоната, и оти ниту една земја не сака таа од неа да излезе.
Тој истакна дека на вчерашната средба на еврогрупата не станувало збор за тоа Грција повеќе да не биде членка на еврозоната, иако не ја исклучи таквата можност како последица на референдумот за барањата за реформи на кредиторите кон официјална Атина во замена за финансиска помош