Актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Тим Шервуд, призна дека е можно да се појави некој клуб кој игра во Лигата на шампиони и кој сака во новата клупска сезона на располагање да ги има услугите на данскиот интернационалец Кристијан Ериксен.
“Сите сме презадоволни од играта, од ефектот на Ериксен. Можам само да замислам каде ќе беше сега Тотенхем доколку Ериксен немаше толку проблеми со здравствената состојба. Ние сме свесни, знаеме дека е можно да се појави некој клуб кој има обезбедно место во Лигата на шампиони и кој сака во новата сезона на располагање да ги има и услугите на Ериксен. Живееме во тој страв, дека ќе ни биде купен најдобриот фудбалер. Кристијан има само 22 години, но размислува како фудбалер кој има 35 години. Знае кога треба да биде забрзано темпото на игра и кога треба да застанеме цврсто на топката”, изјави Шервуд.