Шеснаесетгодишна кавадарчанка е најновиот случај на лице позитивно на Ковид-19 во Центарот за јавно здравје во Кавадарци во изминатите 24 часа.
Како што изјави за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, девојката не знаела како се заразила со вирусот.
Таа е со лесна клиничка слика и е на домашно лекување.
Се работи на утврдување на лицата со кои контактирала, со цел нивна изолација.