Шесте земји членки на Европската унија: Австрија, Бугарија, Латвија, Словенија, Чешка и Хрватска во средата повторно изразија загриженоста поради распределбата на вакцините против Covid-19 во апелот до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Како што пренесува Reuters, повикувајќи се на неименувани функционер на Европската унија, Мишел кој претседава со самитот на ЕУ, разговарл за проблемот во средата со челниците на спомените шест земји. Подоцна во текот на денот се очекува амбасадорите на 27-те земји членки да се обратат во врска со ова прашање.
„Челниците ја споделија својата загриженост со (Мишел) поради можните празнини во дистрибуцијата на вакцините меѓу земјите членки откако една компанија не ја исполни својата обврска“, изјави функционерот на ЕУ под услов да остане анониен.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц во вторникот рече дека тој и сојузниците од источна Европа бараат ЕУ да го прилагоди начинот на кој ги дистрибуира вакцините против Covid-19.
Европската унија се соочува со недостиг од дози од вакцините против Covid-19 поради намалените испораки, во прв ред, од англо-шведскиот производител „AstraZeneca“.
Шесте лидери минатата седмица им пишаа и на претседателката на Евопската комисија, Урсијал фон дер Лејен и на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, предупредувајќи дека деистрибуцијата на вацинтие не се одвива согласно бројот на жителите на секоја поединечна земја членка на блокот, како што претходно беше договорено.
Брисел во меѓувреме одговори дека на сила е ткн механизам за редистрибуцијата на дозите кои некои земји не ги искористиле според системот „про рата“, како и дека земјите членки треба да одлучат дали да се вратат на дистрибуцијата на вакцините строго почитувајќи го методот за распределба сразмерно според бројот на жителите.