Шестгодишно девојче од Ниш, итно е пренесено во болница со убодни рани, откако нејзината 20-годишна мајка со нож ја избодела во грбот, пренесува Блиц.
Во стравичното насилство, 20-годишна мајка на три деца од околината на Ниш вчера трипати со нож си ја исекла својата 6-годишна ќерка откако надлежниот Центар за социјална работа наводно се обидел привремено да и ги одземе преостанатите две деца, бидејќи третото дете е веќе во згрижувачко семејство.
и добивала од надлежните, не го поправила однесувањето, се решиле на таков чекор. Имено, кога ги здогледала вработените работници во Центар, жената целосно го изгубила умот, со закани, пцовки и агресивно однесување, грабнала нож и го расекла своето 6-годишно дете по грбот – велат очевидци на стравичниот инцидент.
Истрагата е во тек и ќе се утврдат сите детали за ова кривично дело семејно насилство. Мајката монструм по инцидентот била приведена и задржана во притвор, а девојчето итно било пренесено во болница.