Шести ден се трага по исчезнатата Вања Ѓорчевска, на која и се изгуби трагата на пат кон училиштето „Песталоци“. Во потрагата вклучени полицијата, граѓани, ловџии, а распишана е и потерница на Интерпол.
Од МВР вчера соопштија дека пребарано е речното корито на Вардар, разговарано е со голем број на лица а зборувано е и со претставници на околните цркви и манастири.
Вања исчезна во понеделникот рано наутро на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот Партизански одреди. Во Македонија исчезнале повеќе од 70 малолетници, но најголем број од нив се пронајдени. На сајтот на МВР се уште се активни потрагите по шест деца.