По Рен, пласман во полуфиналето од францускиот фудбалски куп, во средата изборија и Пари Сен Жермен и Лион.
ПСЖ на гостувањето го декласираше Дижон со 6:1, додека во дербито на вечерта Лион го победи Олимпик Марсеј со 1:0.
Актуелниот француски шампион протатне низ Дижон, иако домаќините до 40 минута се држеа во игра. ПСЖ дојде во водство во првата минута со автоголот на Лото а во 13 минута израмни Шуиар. Потоа стрелците на парижаните до врв ја наполнија противничката мрежа, а погодија Килиан Мбапе во 44, Тиаго Силва во 50, Пабло Сарабија во 55 и 91, минута, а во 86 минута домашните играчи, овојпат Кулибали, си постигнаа уште еден автогол.
Средбата меѓу Лион и Марсеј го реши погодокот на Хусем Оуар во 81 минута. Домашните можеа да дојдат до водство и порано, но во 70 минута Муса Дембеле не реализираше пенал.
Во последниот четвртфинален натпревар во четврток се среќаваат четвртолигашот Епинал и Сен-Етјен.