Шестмина убиени во пукање во Луисвил

Шест лица се убиени во понеделникот, меѓу кои и еден полицаец, во пукање во центарот на Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, извести телевизијата CNN.

Агенцијата Associated Press, повикувајќи се на  пренесува дека во престрелката се убиени пет лица а шест други се хоспитализирани по инцидентот кој се случил во зграда на банка во центарот на градот во понеделникот утрото по локално време.

Осомничениот напаѓач, исто така, е мртов, изјавил на прес-конференција заменикот на началникот на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри. Засега нема информации за идентитетите на сите инволвирани во инцидентот, ниту за можните мотиви.

Очевидци за локалниот телевизиски канал WHAS-TV изјавиле дека се слушале истрели од зградата. Репортерите на телевизијата известуваат дека можат да потврдат само дека повеќе лица се однесени со амбулантни возила од местото на настанот.

Во твит гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар објави дека се упатил кон местото на инцидентот. „Молете се за сите погодени семејства и за градот Луисвил“, додава.

Локалната канцеларија на Федералното биро за истраги (FBI) соопшти дека неговите агенти реагирале на информациите за пукањето и дека ѝ помагаат на локалната полиција.