Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија. Според првичните информации, напаѓачот се самоубил.
На фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, може да се види мртов маж како лежи во една од училниците.
Денеска полицијата добила дојава за пукање во училиштето број 88 во градот Ижевск. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи за Удмуртија.
„Јуровикли“ пренесува дека напаѓачот наводно го убил чуварот, а потоа почнал да пука во децата.
Пукањето започнало за време на часот, кога непознат маж во црн костум влетал во училницата и отворил оган. Водачот на Удмуртија (административниот регион во кој се наоѓа Ижевск), Александар Бречалов, рече дека пристигнал во училиштето каде што се случило пукањето.
„Поради ситуацијата во училиштето број 88, вклучени се сите сили и ресурси. На лице место се сите специјалци, како и брза помош. Пристигнав на местото на настанот и веднаш ќе пријавам за се што се случува, напиша тој на Телеграм.
Министерството за образование на Русија испрати свои службеници во Ижевск, соопшти прес-службата на министерството.
Во име на министерот за образование на Руската Федерација, Сергеј Кравцов, во регионот веднаш беше испратена група од федералното министерство.
A shooting was reported in school No. 88 in #Izhevsk, #Russia. According to preliminary information, a security guard died and three children were injured. pic.twitter.com/LSXueGhxGg
— NEXTA (@nexta_tv) September 26, 2022