Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, кој пред една седмица тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ измислува дека започнал процес на оттуѓување на новата Градска куќа, во четвртокот итно ја ставил на дневен ред точката дека ќе се продава споменатиот објект.
Објектот, во кој требаше да се сели градската администрација, ќе се продава на јавна аукција, а почетната цена е 12,7 милиони евра.
Причината поради која од Град Скопје одлучиле да го продадат објектот е недоволниот капацитет на внатрешните простории во кои е потребно да се смести градската администрација.
Советничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ неодамна потенцираше дека „Крадоначалникот Петре Шилегов е пред нова бонбона бизнис типична за власта“.
-Сомнежите се дека Градот Скопје по насока на Шилегов преземал подготвителни активности за отуѓување на новата градска куќа која е во завршна фаза на атрактивна локација во центарот на градот до плоштадот Македонија. Според нашите информации, зградата платена од парите на скопјани која е во завршна фаза, со набавена современа опрема за административно работење, ќе биде отуѓена и истата треба да припадне на извесна приватна компанија. За возрат Градот Скопје ќе добие постара зграда. Значи неформалните информации говорат дека Шилегов ќе трампа нова зграда за неколку децении постара зграда“, велеа неодамна од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.
Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје отворено неодамна прашуваше:
„Дали е вистина дека Шилегов влегува во нов бонбона бизнис при што ќе ја отуѓи новата градба која беше наменета за градска куќа, и тоа за возрат на неколку децении стара градба? Дали зад ваквата бизнис зделка стојат и приватни и лични интереси, со други зборови дали Шилегов принципот „евро за евро“ од Струмица го презема и унапредува среде Скопје?
-Ако ова е вистина, тогаш зошто оваа бизнис зделка на Шилегов се држи зад затворени врати и во тајност, далеку од очите на јавноста?
-Дали крадоначалникот Шилегов ги праша скопјани за ваквиот потег“?, прашуваа неодамна од ВМРО-ДПМНЕ.