Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во изјава за Слободен печат во средата вели дека е потресен од немилиот настан кој се случил ноќеска после 3 часот, кога целосно изгоре неговото возило „ауди“, како и три возила на негов сосед.
„Искрено не знаеме како се запалило нашето возило. Чекаме МВР да ни каже како се запалил нашиот автомобил кој е целосно изгорен. Во пожарот целосно изгоре и возило на сосед, а уште две други се оштетени. Оштетена е и фасадата на соседот“, вели Шилегов.