
Два месеца поминаа, а градоначалниците на Ѓорче Петров и Скопје, Александар Наумовски и Петре Шилегов,како и Министерството за животна средина, останаа глуви на апелите од граѓаните да се превземе нешто околу дивата депонија кај Обиколницата, во близина на Волково, анализира РЕПУБЛИКА.
Не само што не е расчистено, туку ѓубрето секој ден сè повеќе се трупа, и тоа не од несовесни граѓани или поединци, туку организирано и со камиони.
Депонијата се наоѓа на клучката каде жителите на Волково се вклучуваат на обиколницата. Тие уште во зимата апелираа дека сметот се разнесува и низ Волково, со што се загрозува здравјето, пред сè на децата, но и на сите жители од овој дел. Летото доаѓа, како што се шири депонијата ќе се шират и смрдеа и зарази, пренесе порталот.
Целата анализа, прочитајте ја на РЕПУБЛИКА