Шилегов има 24 часа да покаже документи за зграда, во спротивно ќе добие кривична, предупреди опозицијата

Срамно е бегањето и криењето на Петре Шилегов во врска со за семејната зграда – дивоградба! Шилегов да не бега, има 24 часа да покаже документ, дозвола, платени комуналии во врска со зградата зад мене со градењето, реновирањето, доградбата на семејната зграда,  во спротивно ќе му биде поднесена кривична пријава, побара Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешното јавно обраќање пред семејната куќа на скопскиот градоначалник.

– Семејната зграда којашто ја гради Петре Шилегов е во урбанистичка четврт за која што нема валидна основа за толкава градба, цели два ката над дозволеното. Шилегов со урбанистичкото дивеење го обезвреднува имотот на своите соседи, но и чесната работа на чесните градители! Доколку Шилегов за 24 часа не покаже дозвола за градба, за реновирање или за надградба, соодветна на делото, одговорност мора да понесе општина Карпош, но и  државниот инспекторат за урбанизам, кој што е надреден врз општинскиот молк – рече Стоилковски.

Бегањето и криењето на Петре Шилегов не доликува на скопски градоначалник, туку на криминалец фатен на дело, додаде портпаролот на опозициската партија.