3.8 C
Skopje
петок, ноември 15, 2024

Шилегов изгуби во Скопје со 8.000 гласови, граѓаните се определија за промени, истакна Митева

Шилегов изгуби во Скопје со разлика од 8.000 гласа, граѓаните во огромен број се определија за промени. Народот јасно даде глас против власта и против силно антивладино расположение, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Бројките го покажуваат тоа.

1. Во Општина Бутел:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 408 гласа или (6%);

2. Во Општина Ѓорче Петров:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 2.696 гласа или (40%);

3. Во Општина Гази Баба:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.425 гласа или (79%);

4. Во Општина Аеродром:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.567 гласа или (72%);

5. Во Општина Кисела Вода:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 5.895 гласа или (81%);

6. Во Општина Карпош:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 1.867 гласа или (20%);

Во советите на општините и во советот на Град Скопје Шилегов и СДСМ изгубија со разлика од над 50.000 гласа. И тоа:

1. Во Општина Бутел:

СДСМ изгуби со разлика од 3.617 гласа;

2. Во Општина Ѓорче Петров:

СДСМ изгуби со разлика од 2.873 гласа;

3. Во Општина Гази Баба:

СДСМ изгуби со разлика од 7.877 гласа;

4. Во Општина Аеродром:

СДСМ изгуби со разлика од 6.803 гласа;

5. Во Општина Кисела Вода:

СДСМ изгуби со разлика од 6.000 гласа;

6. Во Општина Карпош:

СДСМ изгуби со разлика од 784 гласа;

7. Во Чаир:

СДСМ изгуби со 844 гласа;

8. Во Скопје, разликата на советничките листи е 26.205 гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

-Желбата на огромното мнозинство скопјани е јасна, тие сакаат промени и поубава иднина. Тоа се гледа и по бројките кои потврдуваат дека споредбено со минатогодишните парламентарни избори на овие избори имаме нови 13.000 гласови во Скопје и тоа: Во Аеродром нови 3.800 гласа, во Кисела Вода нови 1.500 гласа, Ѓорче Петров 800, Гази Баба 3.400 и во Бутел нови 3.000 гласа. Петре Шилегов е убедливо најнеспособниот градоначалник и тоа се потврдува на овие локални избори. Затоа ве повикуваме сите вас, граѓани и партии од опозицијата да се обединиме затоа што само еден чекор не дели од промените кои ги посакуваме, но пред се ги заслужуваме. Петре Шилегов е минато за Скопје, вели Митева.