Претставникот на Централното раководство на СДСМ, Петре Шилегов во интервју за ТВ21 меѓу другото зборуваше и за премиер Албанец.
На прашањето дали СДСМ е против оваа идеја, Шилегов рече дека немаат проблем премиер да биде Албанец, но дека тоа не се прави со уцени, туку со договор.
-Тоа се за мене ирелеванти прашања, многу е битно да дојдеме како општество, во целиот тој циклус заеднички, а не да биде условување за воспоставување на политичка соработка. Јас очекувам дека е можно да има ретерирање од таков тип на условување, за заеднички да дојдеме до определена цел- вели Шилегов