![petre-shilegov-slasanje-lokalni-izbori-2021-960x639](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/petre-shilegov-slasanje-lokalni-izbori-2021-960x639.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Денес е празник за демократијата во целата земја и празник за демократијата во Скопје и скопските општини. Денес заедно со моето семејство го исполнивме своето граѓанска должност и обврска да го дадеме својот глас, рече кандидатот за градоначалник Петре Шилегов веднаш после гласањето.
Според Шилегов, имавме кампања којашто помина мирно и достоинствено, затоа очекува и се надевадека денешниот ден, односно овие избори ќе завршат мирно и демократски, како што вели – онака како што заслужуваат сите граѓани на Македонија.
-Бидејќи одзивот е онаков каков што очекуваме, а очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг затоа што во самата кампања скопјани може да препознаат кои се луѓето што овој град го водат напред и сето она што го направивме во изминатите четири години. Континуитетот за развој на Скопје е извесен и тоа е она што граѓаните ќе го изберат на овие избори, кажа Шилегов.