
Скопските пожарникари во четвртокот го имаа најактивниот и најтежок ден рече командантот на скопската противпожарна единица на град Скопје, Владимир Симоновски вчера. И покрај 22-те интервенции и пожарите што наеднаш се појавија на неколку локации околу главниот град, на лице место не беше и градскиот татко, Петре Шилегов, кого го нема во јавноста веќе неколку дена.
И јавноста и дел од опозициските партии обвинија дека за време на оваа катастрофа, Шилегов е на одмор. Шпекуцациите велат дека тој веќе некое време е во Хрватска и тоа во вилата на Љубе Бошковски. Станува збор за луксузна вила во местото Бале, кај Ровињ на Истра.
Иако за македонската јавноста вилата „Лав“ е позната по тоа што е во сопственост на Бошковски, за регионалната е позната како местото во кое се венча хрватската пејачка Северина.
На истото прашање, но за лидерот на партијата Димитар Апасиев, немаме добиено одговор ни од прес-центарот на Левица, каде од вчера никој не крева слушалка ниту одговара на официјалниот мејл.
И за лидерот на Левица, кој останува гласен на социјалните мрежи, но тивок во одговорите кон медиумите, се зборува дека е на одмор. Шпекулациите велат дека Апасиев се сонча во Црна Гора, но не во обичен смештај, туку во ексклузивно и монденско одморалиште.